-->
-->
Македонско полуфиналето во двојки на турнирот во Добој
-->
На тенискиот Фјучрс турнирот во Добој, кој е со награден фонд од 15.000 долари, во игра во двојки ќе има најмалку еден македонски претставник во финалето.
Имено, Томислав Јотовски заедно со Србинот, Милан Радојковиќ во четвртиналето ги елиминираа вторите носители Адам и Џејсон Тејлор од Австралија, додека македонскиот тандем Стефан Мицов и Горазд Србјак беа подобри од Грега Бох (Словенија) и Стефан Паниќ (Србија).
Јотовски и Радојковиќ одиграа тежок меч против австралиската комбинација, кој по 104 минути борба го добија со 2-0 (7:5 и 7:6). Затоа пак Мицов и Србјак имаа далеку полесна задача па на своите противници во двата сета им препуштија само по еден гем (6:1 и 6:1).
Според ждрепката во полуфиналето Јотовски и Радојковиќ ќе се борат против Мицов и Србјак, а со тоа извесно е дека Македонија ќе има најмалку еден тенисер во финалето на овој турнир.
Потсетување дека Јотовски денеска одигра и меч во синг конкуренција и во четвртфиналналето со 2-0 во сетови го совлада првиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора, па за место во финалето ќе се бори против четвртиот носител Фабрицио Оранго од Италија.
https://
.be
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје