Македонско-либански деловни средби во Стопанската комора на Македонија
Македонско-либански деловни средби организираат денеска Стопанската комора на Македонија и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени во Република Либан.
Од Стопанската комора на Македонија информираат дека целта на средбите е унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Либан.
На настанот ќе се обратат Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и Самер Соуфан, претседател на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени.
На деловните средби македонските компаниии ќе имаат можност да остварат директни контакти со еминентни либански бизнисмени од различни области како што се недвижности, угостителство и туризам, алтернативни извори на енергија, производство и извоз на прехранбени производи, земјоделие и друго.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов