-->
-->
Македонските тенисери се подготвуваат за Дејвис купот
-->
Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија од 2 до 5.март во Талин, Естонија ќе игра во рамките на Третата зона од Дејвис купот. Вчера по доаѓањето на Томислав Јотовски во Македонија и денеска (претпладнеи попладне) тој и Горазд Србљак одржаа неколку тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“. Покрај Јотовски и Србњак, во составот на Македонија ќе биде и Димитар Грабул, кои овој месец имаше успешен настап на фјучрс во Швајцарија.
Добро во овој момент е што нашите тенисери имаа можност да тренираат и настапат на тврда подлога на која и ќе се играат мечевите во Талин.
Но, лошо по нашиот состав е тоа што оваа година Македонија нема да биде носител. На натпреварите во Талин ќе настапат 16 репрезентации кои ќе бидат поделени во 4 групи по 4 селекции. Победниците на групите ќе играат во полуфиналето, а победниците во полуфиналето ќе се пласираат во Втората Евро-африканска зона.
Јотовски, Србљак и селекторот Дејан Маринковиќ вечерва од Скопје патуваат за Талин каде ќе им се приклучи Димитар Грабул.
Од најпознатите играчи пријавен е Маркос Багдатис за Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите