Фудбал
14. October 2018 - 21:23

Македонските репрезентативци тренираа во Ереван

Македонската фудбалска репрезентација по синоќешната победа над Лихтенштајн, денеска патуваше кон Ереван каде што веќе го одработи првиот тренинг.

Репрезентативците тренираа во две групи. Играчите што играа против Лихтенштајн имаа полесен тренинг, а останатите тренираа со полн интензитет.

Добрата атмосфера што го краси тимот е присутна и во Ереван, а после трите победи најверојатно со само еден Македонија ќе заврши на првата позиција во групата.

Сепак, избраниците на селекторот Игор Ангеловски се решени да се нападне четврта победа во Лигата на нации.

- Тука сме да одиграме најдобро што можеме, Ерменија не е така наивна репрезентација, и не не залажува нивниот пораз од Гибралтар. Верувам дека ќе бидеме во ниво и дека ќе ја продолжиме добрата серија, изјави Стефан Ристовски за веб страната на ФФМ.

Македонија утре ќе го одработи официјалниот тренинг на стадионот каде што во вторник од 18 часот го игра натпреварот против Ерменија.