-->
-->
Македонските ракометни надежи на чекор до ЕП
-->
Машката јуниорска репрезентација на Македонија славеше значајна победа над селекцијата на Фарските Острови во квалификациите за Европското првенство за ракометари до 20 години кое летово ќе се одржи во Данска.
На натпреварот кој се играше попладнево во швајцарскиот град Шафхаузен, каде се играат натпреварите од втората квалификациска група, младите македонски ракометари славеа триумф со 21:17 полувреме 8:8.
До овој значаен триумф црвено-жолтите ги предводеа Горан Крстевски и Мартин Велковски кои постигнаа по 6 гола, како и Томислав Јагуриноски кој придодаде 4.
Решавачкиот меч македонските јуниори ќе го играат утре (од 10.30 часот) против Црна Гора која вчера одигра нерешено со Фарските Оствови, а вечерва Црногорците за противник го имаат домаќинот Швајцарија.
Пласман на ЕП во Данска што ќе се игра до 7 август годинава, ќе обезбедат двете првопласирани селекции од оваа група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани