Ракомет
16. August 2016 - 16:07

Македонските ракометни надежи ја совладаа Ерменија со 36 гола разлика

Ракометната машка селекција на Македонија до 18 години оствари уште една убедлива победа во Б дивизијата на ЕП во Варна. 
 
По вчерашниот триумф над  Кипар со 21 разлика (36:17) денеска црвено-жолтите беа уште поубедливи во дуелот со Ерменија селекција која ја победија со 36 гола разлика односно 49-13 полувреме 26-9.
 
Утре македонските ракометни кадети за противник ќе ја имаат селекцијата на Украина.