Loading Video...
Ракомет
5. October 2021 - 12:59

Македонските ракометарки се подготвуваат за двомечот со Црногорките

Во рамките на ЕХФ репрезентативната недела, нашата најдобра женска ракометна репрезентација ќе одигра двомеч со Црногорките во меч од ЕХФ Купот 

Селектор Љубомир Савевски кој на почетокот работеше само со ракометарките од домашното првенство, сега на располагање ги има сите сили. 

„Ова е нова репрезентација, се обидувам да направам склоп на искуство и младост. Се надевам ќе успееме, но потребна е макотрпна работа. Девојките од домашната лига и не се во некоја завидна физичка подготвеност, направивме неколку тестови кои покажуваат дека општата состојба не е во најдобра ситуација. Се трудиме заедно со Ракометната федерација, во наредниот период секоја седмица ќе правиме собири за да работиме и да правиме пресек и сериозни подготовки. Без тоа, не можеме да очекуваме голем успех“, изјави селекторот Савевски.

Македонските ракометарки првиот натпревар против Црногорките ќе го игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот, а како што објавија од РФМ, влезот во арената ќе биде слободен, разбирливо во согласност со Ковид протоколите.

Вториот меч со истиот ривал е закажан за во недела на гостински терен, а во ова натпреварување црвено-жолтите за противнички ќе ги имаат и ракометарките од Словенија, што практично ќе значи дуели на трите земји организатори на следното Европско првенство кај дамите.