-->
-->
Македонските ракометарки гостуваат во Хрватска
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија вечер во Риека против селекцијата на Хрватска ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шведска.
Веќе од поодамна нашиот подмладен репрезентативен состав ги загуби шансите за пласман на шампионатот, но избраничките на селекторот Симе Симевски во Риејака ќе се надигруваат со фаворизираната Хрватска во обид да ги освојат првите бодови во квалификациите.
Натпреварот Хрватска – Македонија ќе започне од 18 часот, a во последниот меч групата 4, ќе играат Црна Гора и Словенија (20 часот).
На табелата водечка е селекцијата на Црна Гора која има 8 бодови, два повеќе од Хрватска и Словенија, додека Македонија нема освоено ниту еден бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава