Loading Video...
Ракомет
30. April 2021 - 16:09

Македонските ракометари со победа над Швајцарија сакаат да ги заокружат квалификациите на ЕП

Машката македонска ракометна репрезентација  во против Швајцарија ќе го одигра последниот меч во квалификациите за Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
 
Иако нашата репрезентација веќе го осигура своето учество на завршницата на Европскиот шампионат, сепак избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров најавуваат дека сакаат со победа над Швајцарија да ги заокружат овие квалификациите, а со тоа и да го потврдат второто место зад свесткиот и олимписки првак Данска во групата. 
 
На дуелот против Швајцарија сигурно ќе нема да настапи Дејан Манасков кој против Финска се здоби со повреда, а селекторол Лазаров се очекува утре да го соопшти и списокот на ракометари кои ќе добијат шанса на мечот против Швајцарците. 
 
Натпреварот Македонија – Швајцарија ќе се игра во недела (2 мај) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот