Македонските пинг-понгарски клубови го очекуваат продолжувањето на натпреварите
Со подобрувањето на епидемиолошката состојба во државата и во очекување на укинување на одредбата за задолжителен ПЦР тест на натпреварувачите пред секој натпревар, пинг-понгарите го очекуваат продолжението на сезоната.
Од Пинг-понгарската федерација на Македонија (ППФМ) веќе го имаат изготвено и скратениот календар во кој приоритет ќе имаат Државните првенства во сите категории и ТОП турнирите на кои ќе учествуваат најдобро рангираните играчи.
– Во плановите на федерацијата е учестово на репрезентацијата на меѓународната сцена, балканските првенства во Бугарија и Европското првенство во Полска. ППФМ во својот долгорочен план има зацртано континуирана поддршка на клубовите кои имаат активни школи за млади играчи, и кои постигнуваат забележителни резултати на младинските натпреварувања.
Со последната акција со донирање на опрема на клубовите беа опфатени повеќе клубови меѓу кои Берово, Куманово, Пошта 2, Борец Тим и новоформираниот клуб Пелагонија од Битола. Младите играчи се оние кои најмногу го очекуваат продолжувањето на натпреварите, а ППФМ за нив планира и организирање на тренинг кампови, информираат од ППФМ.
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија