Македонските ора и песни пред бугарската публика
Фолклористите од ансамблот „Љупчо Сантов“ од населбата Оризари Кочанско, продолжува да ја презентира автентичноста на фолклорот, музиката, песната и носијата од Осоговијата.
Триесетина членови на овој ансамбл изутринава заминаа на тридневна турнеја во Бугарија каде што ке настапат на мегународен фолклорен фестивал во Бургас.
-Од 14 до 16 јули 2017 година фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од населбата Оризари, кочанско, ќе учестува на 4.Балкан Арт фестивал- Карнобат 2017, кој ќе се одржи во општина Карнобат, во Бургас. Како фолклорен ансамбл веќе втора година по ред учестуваме на овој фестивал и на достоен начин и овој пат ке го презентираме изворниот фолклор од Осоговијата, а со тоа ја промовираме и афирмираме населба Оризари, општина Кочани и Република Македонија пред јавноста во Бугарија, изјави Александар Тошев, претседател на ансамблот.
На овој Мегународен фолклорен фестивал покрај ансамблот од Оризари како единствен опреставник од Македонија, ќе настапат и фолклорни ансамбли од Србија, Албанија и Бугарија.Фестивалот се организира под покровителство на ЕУ, а реализатор е Агенцијата за култура „Прима“ од Софија.
Ново на Сител
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот