Македонските одбојкари денеска против домаќинот Данска во Евролигата
Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Шлагелсе ги продолжува натпреварите од групната фаза во Европската сребрена лига во обид да се реваншира на домаќинот Данска за неодамнешниот пораз од 3:0 во Струмица.
Македонските одбојкари, пред стартот на вториот квалификациски турнир во рамки на групата А се второпласирани со шест бодови, зад лидерот Данска, која има максимални девет.
На првиот квалификациски турнир, што минатата недела се одржа во Струмица, македонскиот состав забележа две победи, над Кипар (3:0) и Израел (3:1), по што уследи максимален пораз од домаќинот на вечерашниот дуел со почеток од 19 часот во Шлагелсе.
Македонскиот состав во второто коло утре игра против Израел од 16 часот, а во истиот термин в недела противник ќе биде репрезентацијата на Кипар.
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ независно од крајниот пласман во групата А ќе играат во полуфиналето на овогодишното издание на Европската сребрена лига како домаќини на завршниот турнир, што од 3 до 5 јуни ќе се одржи во салата „Парк“ во Струмица.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава