Ракомет
5. November 2016 - 13:15

Македонските навивачи пристигнаа во салата во Плзен

Македонската ракометна репрезентација во Плзен ќе ја има поддршката и од македонската фаланга. Покрај групата од околу 50-тина навивачи кои со автобус минаа околу 20 часа од Скопје до Плзен, во Плзен се наоѓа и група македонски навивачи кои допатуваа од Виена.

Секако бројката се очекува да биде поголема од причина што и Македонци кои работат во Чешка имаат веќе обезбедено влезници за натпреварот.
Натпреварот Чешка - Македонија се игра во салата „Местска спортови ТЈ Локомотива“ која има капацитет од 1.600 места.