Кошарка
16. July 2016 - 15:10

Македонските млади кошаркари убедливо поразени од Црна Гора

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, е поразена од Црна Гора во дуел од Б дивизија на ЕП, што се одржува во Халкида, Грција,
 
Во рамките од 2.коло на А групата, на избраниците на селекторот  Малинков загубија од Црна Гора со 66-44 по четвртини 8-15, 16-15, 14-18 и 6-19 . 
 
Само Андреј Магдевски и Андреј Цветковски имаа двоцифрен број на поени 13 односно 10 за црвено-жолтите кои утре во рамките од 3.коло за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Грузија.