-->
-->
Македонските кошаркарки отпатуваа за Италија
-->
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, утринава отпатува за Италија каде утре ќе го одигра четвртио меч во квалификациите за Европското првенство 2019.
Избраничките на селекторот Марјан Лазовски ги очекува тешко гостување кај фаворизираната Италија која на последниот евробскет го освои седмото место.
Иако важат за фаворитки нашите девојки за Италија не отпатуваа со „бело знаме“, напротив веруваат дека уште еднаш може да ја повторат играта од првиот меѓусебен дуел во Скопје, кога Италијанките се изнамачија да остварат победа со девет поени разлика (52-61)
Утрешниот меч меѓу Италија и Македонија (18:30 часот) е првоиот од 4.коло на Х групата во која во вториот меч ќе играат Шведска и Хрватска.
Селекциите на Италија, Хрватска и Шведска досега имаат по две победи и еден пораз, додека Македонија сеуште се нема радувано на победа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија
-
Матичните лекари реагираат за најавените казни за пречекорувања при давањето терапија на пациентите
-
Преглед на вестите од светот
-
Отчет на претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска
-
Шокаровски: Моето разрешување е незаконско
-
Стоилковски: Од вчера не работат апаратите за компјутерска томографија
-
Таки Фити: Внимавајте со трошењето и задолжувањето на државата
-
Студентите од Штип во Кариерен центар на УГД