Loading Video...
Кошарка
24. November 2022 - 13:55

Македонските кошаркарки гостуваaт кај Белгија

По повеќе од една година македонските кошаркарки повторно ќе играат натпревари во квалификациите за ЕП во 2023 година. Имено сениорската женска репрезентација на Македонија вечерва ќе го играат третиот натпревар во овој квалификациски циклус. 
 
Црвено-жолтите гостуваат кај Белгија во меч од третата ронда на А групата. Во овој дуел нашите кошаркарки влегуваат со два порази од БиХ и Германија, но и што е по значајно без капитенката Митрашиновиќ, а со новото засилување ќе биде Американката, Мерит Хемпе, која ќе ја замени сонародничката Бонер. 
 
Натпреварот ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути, а во овие моменти се игра средбата меѓу Германија и БиХ. 
 
Германките ќе бидат нашиот следен противник и тоа во недела во Скопје на средбата што ќе се  игра во СЦ „Кале“ (19 часот).  
 
Потсетување дека третиот и последен таканаречен квалификациски прозорец ќе се игра во февруари следната година.