Македонските кошаркари вечерва против Чешка стартуваат на младинското ЕП во Скопје
Со амбиција за пласман меѓу првите три места и враќање во елитната конкуренција, македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва против Чешка го почнува настапот на Европското младинско првенство во Б дивизијата, чиј домаќин е Скопје.
На Европското првенство ќе настапат 19 репрезентации, а македонските кошаркари се дел од групата А во која покрај Чешка за противници ги имаат и селекциите на Словачка, Бугарија и Република Ирска.
Репрезентативецот Теодор Симиќ во изјава за сајтот на КФСМ ги повика навивачите во голем број да ја бодрат репрезентацијата, почнувајќи од вечерашниот дуел со Чешка од 18:30 часот во СРЦ Кале.
- Атмосферата во репрезентацијата е одлична, добро се познаваме. Поврзани сме и играчите меѓу себе, како и со тренерите, а тоа е најважно за остварување добар резултат. Со малку среќа и поддршка од трибините, можеме да оствариме добар резултат. Би сакал публиката да биде наш шести играчи бидејќи тоа ќе ни значи на сите нас. Наши најголеми ривали за врвот се Чешка, Шведска и Финска во борбата за првите три места. Сепак, би сакал да одиме натпревар по натпревар, а потоа ќе мислиме на она што не очекува на крајот, порача Симиќ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат