Loading Video...
Кошарка
21. November 2021 - 14:37

Македонските кошаркари вечерва на собир пред стартот на квалификациите за СП

 
Со заедничка вечера во хотелот „Дабл Три – Хилтон“ во Скопје, најдобрата машка кошаркарска репрезентација ќе го има првиот собир пред утрешниот почеток на мини подготовките за првите две средби во квалификациите за Светското првенство 2023 година. 
 
Селекторот Драган Бајиќ, го скрати списокот на играчи на кои ќе смета за дуелите со Шпанија и Украина. 
 
На списокот од 15-мина кошаркари, а поради повреда ги нема, Ненад Димитриевиќ и Војдан Стојановски, како и Бојан Трајковски кој во пред-квалификациите ја имаше капитеската улога.
 
Најмноги, петмина играчи на спиокот се од редувите на МЗТ Скопје Аеродром: 
Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев и Адем Мекиќ. Од битолски Пелистер повикани се тројца, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски. 
 
Од останатите македонски екипи за место во тимот ќе конкурираат: Виктор Ефремовски (Гостивар), Андреј Маслинко (ТФТ Скопје), Кирил Николовски (Кожув). 
 
Интернационалците ги предводи искусниот плејмејкер Андреј Магдевски (Плоешти, Романија), Американецот, Џејкоб Вајли (Будуќност, Црна Гора), како и младите Лејсон Зекири (Приштина, Косово) и Теодор Симиќ (Барселона, Шпанија)
 
Според планот почнувајжи од утре изутрина од 10 часот, репрезентацијата двапати двевно ќе тренира во СЦ „Јане Сандански“ каде во петок (19:30 часот) гостува актуелниот светски првак Шпанија, а на 29 ноември, црвено-жолтите ќе гостуваат во Киев кај Украина.
 
Покрај овие две селекции, во рамките од Г квалификациската група, противник на Македонија ќе биде и репрезентацијата на Грузија. 
 
Потсетување дека квалификациите се играат во три „прозорци“ по што само најслабо рангираната репрезентација нема да продолжи во следната рунда.