-->
-->
Македонските кошаркари со пораз ги започнаа квалификациите за СП
-->
Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна претквалификацискиот циклус за Светското првенство во Кина 2018 година.
На гостувањето во Приштина, репрезентацијата на Македонија загуби од Косово со 72:68 по четвртини 23-11, 17-9, 15-23 и 17-25.
Очајното прво полувреме во кое на противникот му дозволивме да направи двојна предност (40-20), се покажа како клучно за конечниот исход на мечот.
Иако, на почеток на трета четвртина губевме и со 22 разлика, сепак во вториот дел проработеа капитенот Стојановски и американецот со македонски пасош Теодор. Со нивните поени на 90-секунди до крајот црвено-жолтите дојдоа до пет негатива (66-61), а потоа и на -2 (70-68) на 30.секунди пред крајот на мечот.
Сепак, избраниците на селекторот Давитков немаа доволно сили да направат и комплетен резултатски пресврт, па на крајот загубија со 72:68.
Најефикасен кај победникот беше Дардан Бериша со 28 поени, додека во нашата селекција најмногу 22 поени постигна Џордан Теодор, додека Војдан Стојановски постигна 17, сите во второто полувреме.
Ова беше првиот меч од квалификациската Ц групата во која е и селекцијата на Естонија, против која Македонија веќе во сабота 5 август ќе го игра вториот меч и тоа на домашен терен во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико