Loading Video...
Кошарка
19. February 2021 - 18:20

Македонските кошаркари немоќни против Русите

Со поразот од Русија, како и победата на Естонија против Италија, македонската кошаркарска репрезентација дополнително си ја искомпликува ситуацијата за ново учество на Европскиот шампионат. 

 
Македонските кошаркари се поразени од Русија во вториот натпревар од последниот квалификациски турнир за пласман на Европскиот шампионат
 
На турнир што се одржува во рускиот град Перм, домашната селекција забележа убедлива победа со 94-77. 
 
Триумфот Русите го најавија уште во првото полувреме што го добија со 18 поени разлика, па во вториот дел само рутинирано ја одржуваа предноста. 
 
Капитенот Војдан Стојановски со 18 поени беше најефикасен во нашиот тим за кој Американецот,  Џекоб Вајли постигна  16, а Кристијан Николов и Стојан Ѓуроски средбата ја завршија со по 11 поени 
  
Во првиот натпревар од денешната програма во нашата група, Естонија по продолжение ја победи Италија. 
 
Со оваа победа на Естонците, и поразот на Македонија, сега нашите кошаркари ќе мора да забележат две победи во низа. 
 
Првата ќе ја бркаат против Азурите во мечот закажан за во недела, а доколку успеат во тоа, и Естонија не направи ново изненадување, тогаш црвено-жолтите во понеделник ќе треба да ги победат Естонците со најмалку 10 поени разлика.