Loading Video...
Кошарка
18. September 2020 - 15:58

Македонските кошаркари нема да ги гледаме во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација нема да ја гледаме во Скопје. 
 
Раководството на ФИБА денеска донесе одлука преостанатите два квалификациски „прозорци“ за пласман на Европскиот шампионат да се играат во така наречени „балони“. 
 
Имено поради актуелната состојба со Ковид-19 пандемијата, ФИБА реши квалификациските натпревари закажани за ноември годинава и февруари следната година да се играат на едно место на кое би биле собрани четири или осум репрезентации, од една или две групи. 
 
Домаќинот на турнирот ФИБА дополнително ќе го одреден, а засега термините остануваат не променети. 
 
Македонските кошаркари кои со два порази од Естонија во Скопје, и на гости кај Русија го отворија овој квалификациски циклус, во ноември требаше да играат на гостински терен во Естонија, а потоа и Италија, додека последните две средби во февруари следната година, црвено-жолтите требаше да ги играат во Скопје со Русија и Италија.