-->
-->
Македонските кошаркари на двомеч со Бугарија
-->
Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија денеска и утре, на гости во Самоков, против домаќинот Бугарија, ќе ги одигра првите пријателски средби во подготвителниот циклус за учество во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
По дваесетина дена подготовки на кои акцентот беше ставен на физичката подготовка избраниците на селекторот Драган Раца со пријателските средби против Бугарија влегуваат во втората фаза од подготовките, на која ќе се работи на тактичко воигрување на тимот.
На контролните натпревари против Бугарија на кој резултатот секако нема да биде во прв план селекторот Раца ќе им даде шанса за игра на сите повикани кошаркари. Во црвено жолтиот дрес на дуелите во Самоков ќе дебитира и новиот натурализиран Македонец, Ромео Тревис.
Двете средби во Самоков кои се играат во петок и сабота се играат во идентичен термин од 18 часот(17 часот по македонско време).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор