Loading Video...
Кошарка
13. September 2018 - 13:16

Македонските кошаркари гостуваат во Приштина

Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва ги продолжува предквалификациите за Европското првенство 2021 година. 
 
Најдобрите македонски кошаркари вечерва гостуваат во Приштина каде ќе го одиграат првиот меч од втората фаза во предквалификациите за ЕП 2021-ва. 
 
Селекцијата на Косово е добро познат противник кој е и наш стар должник, откако пред година дена токму тие не елиминираа од Мундијалските квалификации. 
 
Овојпат во комплетен состав селекторот Давитков и неговите избраници ќе се обидат да им се реваншираат на домаќините за минатогодишниот пораз во Приштина. 
 
Натпреварот Косово – Македонија ќе се игра вечерва со почеток од  20 часот и 30 минути.
 
Три дена подоцна (16 септември) црвено-жолтите ги очекува и вториот натпревар од Б групата, кога во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ ќе гостува Романија во терминот од 18 часот и 15 минути.