Кошарка
10. September 2016 - 13:38

Македонските кошаркари гостуваат во Луксембург

 
 
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечер од 19 часот и 30 минути против домашната селекција на Луксембург ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година.
 
По поразот од Унгарија во 3.коло од групата Г, македонскиот национален тим само со победа на вечерашниот дуел ќе ги задржи теоретските шанси за пласман на Евробаскетот.
 
Пред стартот на 4.коло лидер на табелата со максимален ефект од три победи е селекцијата на Унгарија, пред Велика Британија со две победи и пораз, Македонија е на третата позиција со победа и два порази, на последното четврто место без триумф е нашиот следен ривал Луксембург.