Кошарка
16. August 2017 - 9:19

Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија во меч од претквалификациите за СП 2019

 Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.коло во европската зона. Македонија гостува во Талин, каде во рамките од Ц групата ќе се сретне со Естонија во меч во кој црвено-жолтите со победа ќе обезбедат пласман во следната рунда.
 
Сите три репрезентации, во оваа група, Естонија, Македонија и Косово имаат по 4 бода. 
 
Во групата А која е единствена со четири репрезентации, ќе се сретнат двете првопласирани селекции, Шведска и Ерменија, а во вториот натпревар ќе играат Словачка и Босна и Херцеговина. 
На табела води Ерменија со 7 бодови, пред Шведска и БиХ со по 6, а Словачка има 5. 
 
И во групата Б ќе се игра дуелот за првото место во кој лидерот Австрија и гостува на фаворизираната Холандија. 
 
Селекцијата на Австрија е лидер со 5 бода  еден повеќе од  Холандија (4), додека Албанија има 3. 
 
Во последната Д група, Бугарија која има максимални три победи гостува кај Белорусија. Кошаркарите на Бугарија се први со 6 бодови, пред Белорусија и Португалија кои имаа по 3. 
 
Последната рунда во претквалификациите на програмата е веќе во сабота.