Македонските кикбоксери освоија 37 медали на Европскиот куп во Сараево
Македонската кикбокс репрезентација викендов настапи на ВАКО Европскиот кикбокс куп “Сараево опен 2023” кој се одржа од 05-07.05.2023 во Сараево, БиХ за сите дисциплини и возрасти (поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, лоу кик и К1 – за деца, кадети, јуниоти и сениори).
На овој престижен кикбокс натпревар учество земаа 499 натпреварувачи во 639 натпреварувачки влезови од 112 клубови од 14 држави.
Нашата репрезентација беше составена од 60 натпреварувачи во 64 натпреварувачки влезови, тренери, судии и организациски тим од 12 македонски кикбок клубови членки на КМФМ.
Во вкупниот пласман нашата репрезентација е шесто пласирана со освоени вкупно 37 медали - 4 златни, 10 сребрени и 23 бронзени медали.
Златни медали освоија Леа Бошевска (-50 кг. кик лајт), Марија Димовска (+60 кг. лоу кик), Теа Петреска (-70 кг. кик лајт), Митко Ашкилов (-89 кг. кик лајт).
Во склоп на овој куп се одржа и купот “GRAND PRIX BIH 2023 BEGINERS AND YOUNGER CADETS KICK LIGHT - LIGHT CONTACT” за почетници и помлади кадети на кој учество земаа 9 наши натпреварувачи од 3 кикбокс клубови и на истиот нашите млади кикбокс почетници освоија 8 медали - 5 сребрена и 3 бронзени.
„Исто и овој европски куп е од големо значење за нашите натпреварувачи како тест борби да видиме до каде сме и да стекнеме нови искуства со подобри натпреварувачи кои доаѓаат на ваквите купови. Во Босна и Херцеговина секогаш нашата репрезентација е пречекана срдечно и имаме одлична соработка со нивната федерација и тамошните клубови. Јас како претседател површно сум задоволен од успехот кој можеше да биде многу поголем. Во прашање е работата на тренерите, тренингот на борците и среќата. Но сепак добро поминавме и донесовме 37 медали за Македонија. Сите борци покажаа спортска борбеност и пожртвуваност од кој морам да ја издвојам Марија Димовска која двете борби во Лоу Кик ги победи со голема доминација и предност, а втората и со прекин. Она е помлад јуниор, се бореше во +60кг и иако најмлада е најголем потенцијал од девојките која не прифаќа пораз и се бори како вистинска лавица во рингог“, изјави Претседателот на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија М-р Дејан Митровски - Уркo.
Претседателот Дејан Митровски Урко од организаторот на турнирот каде секоја година присуствуваме со огромен број со натпреварувачи му е доделена благодарница и трофеј за допринос и развој на Кик Боксот во Босна и Херцеговина за животно дело.
Претседателот Урко оствари и средба со Иштван Кирели претседателот на европската Кик Бокс Wако федерација и беше разговарано за развојот на Балканската федерација и беа разменети предлози и стратегии и доби целосна поддршка за понатамошниот нејзин развој каде Урко е претседател и ја води и нејзе покрај нашата Кик бокс Маи Таи федерација која од кога ја води тој е во постојан раст и со масовност и со успех.
Ново на Сител
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино