Спорт плус
12. December 2022 - 15:48

Македонските кик боксери со рекорден број на медали

Кик Бокс Маи Таи федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски - Урко викендов настапи на Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“ во Ниш, Србија со досега невиден рекорден број на натпреварувачи - 170 натпреварувачи од 22 клубови.

На овој турнир учество земаа 7 земји со 61 спортски клуб.

Нашата репрезентација освои 105 медали од кои:
-39 златни
-31 сребрени
-35 бронзени
Нашата репрезентација го освои и пехарот за најтрофејна екипа на првенството.

Претседателот на македонската Кик Бокс Маи Таи репрезентација воедно и претседател на Балканската кик бокс федерација е одликуван со плакета за посебна заслуга за развој и промоција на кик боксот на Балканот.

-Јас како претседател сум задоволен од успехот на нашите кикбоксери за остварениот резултат кој е заслуга на тимската работа и соработката помеѓу раководството, тренерите и натпреварувачите во Кик Бокс Маи Таи федерацијата на Македонија во која владее слога, единство и меѓусебно помагање кои доведуваат до успех. Со ова ги завршуваме активностите за оваа година која ни беше берба за медали, изјави Дејан Митровски - Урко.