Македонските кајакари одлично стартуваа во Европските купови и Југоисточната Европска Лига
Македонските натпреварувачи од Кајак Кану клуб (ККК) „Арка – Борец“ од Велес имаа одличен настап во првото коло од Европските купови кое се одржа во Германија и во Југоисточната Европа Лига чиј домаќин беше Босна и Херцеговина.
Во воведното коло од Европските купови, Благој Гугинов во јуниорска конкуренција доминираше во водите на реката Фулда и се закити со златен медал, а првото место во сениорската У32 категорија го освои и кајакарот Љубомир Спасиќ, информираа за МИА од велешкиот ККК „Арка-Борец“.
Кај сениорите, Александар Златаров заврши на 15-та позиција во исклучително силна конкуренција, додека во кадетската категорија Ангел Бонџов го освои 14-тото место, стекнувајќи драгоцено искуство за следните натпревари.
Во тимскиот настап, македонските кајакари покажаа одлична координација и се пласираа на четвртото место, што е голем успех за нив и за клубот.
Дополнително, на класичниот спуст во Фулда, Љубомир Спасиќ се пласираше на второто место, што е уште еден доказ за одличната подготовка и напорна работа на македонските спортисти“, потенцираат од ККК „Арка-Борец“.
Претставниците на ККК Арка-Борец имаа успешен старт и во Југоисточната Европска Лига освојувајќи го второто место во екипен пласман на спустот во Завидовиќи.
Во индивидуална сениорска конкуренција, Љубомир Спасиќ го освои првото место, а Александар Златаров второ мести. Во јуниорска конкуренција Благој Гугинов го освои прво место, додека во конкуренција на кадети Ангел Бонџов се пласираше на третото место.
Како што изјави Љубомир Спасиќ за МИА, ова е одличен почеток за македонскиот клуб ККК „Арка-Борец“ во Лигата и најави дека натпреварувачите се подготвени да продолжат со истото темпо кон нови победи
„Со вакви резултати и енергија, македонските кајакари од ККК „Арка-Борец“ од Велес докажуваат дека се подготвени за уште поголеми успеси во претстојните натпреварувања. Продолжуваме посилни кон нови победи“, најави Спасиќ.
Од велешкиот кајакарски клуб изразија големо жалење за трагедијата во Кочани која однесе 59 млади животи, потенцирајќи дека спортските успеси овој ден останале во сенка на трагедијата што ја потресе Македонија. Нивните натпреварувачи притоа изразија сочувство до семејствата на трагично загинатите во трагедијата во Кочани, посакувајќи брзо закрепнување на повредените.
Инаку од ККК „Арка-Борец“ од Велес веќе од денес по враќањето забрзано и напорно ги продолжуваат подготовките на патеката на Вардар во Велес за настап на претстојните натпревари на 30 март во Чачак.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер