Кошарка
8. August 2017 - 18:50

Македонските кадети поразени од Шведска

 
 Македонската кадетска кошаркарска репрезентација е поразена од соодветната селекција на Шведска во пријателски натпревар одигран во Маврово.
 
Избраниците на селекторот Горан Ѓорѓиевски загубија од Швеѓаните со 79:86, по четвртини 16-26, 25-14, 19-23 и 20-22.
 
Бошковски со 20 поени беше нашиот најефикасен кошаркар, додека Миловановиќ постигна 17, а двоцифрен број на поени имаа и Исајлоски 11 и Кацарски 10.
 
Оваа селекција веќе утре патува за Софија, на ЕП, кое црвено-жолтите ќе го започнат во четврток со средбата против Грузија. Во рамките од Д групата противници на Македонија редоследно ќе бидат и репрезентациите на: Косово, Велика Британија, Португалија и Луксембург