Македонија
17. January 2020 - 16:58

Македонските градови повторно во топ-10 најзагадени во светот

Метрополата се прослави во светот но по топ 10 најзагадени градови. Со денови Скопје е на врвот на листата, а денеска на Аир Вижуал го зазеде 8то место, со измерени штетни ПМ честички  два до три пати повеќе од дозволеното. Не здрав воздух освен граѓаните на главниот град, дишат и тетовци, гостиварци, жителите на Кичево но и повеќе други општини во земјава.

По ветровитите денови, температурите се намалија а тоа повторно го вклучи алармот. Еко здруженијата обвинуваат дека не се преземаат мерки а штетните честички се константно присутни. 

Од здружението најавуваат протести во следниот период. Реагираат и зошто се уште не се усвоени ЕУ директивите кои се однесуваат на контрола на емисии на издувни гасови и тешки метали во атмосферата а требало уште во 2016та.

Иако зимата е во полн ек, Владата дури сега го објави јавниот оглас за општините каде има високо аерозагадување, да им бидат префрлени по најмногу 100 000 евра, пари наменети за субвенционирање на инвертери. Пријавувањето е до 28 јануари.