Loading Video...
Фудбал
27. November 2020 - 16:15

Македонските фудбалерки со победа над Казахстан ги завршија квалификациите за ЕП

Женската македонска фудбалска репрезентација со победа ги заврши квалификациите за ЕП. Нашите фудбалерки ја совладаа селекцијата на Казахстан со 3:0 на гостински терен во последниот меч од квалификациите за Европскиот шампионат. 
 
Прашањето околу победникот на овој меч беше решено уште во првото полувреме во кое беа постигнати трите гола.  Првите два беа дело на Рочи во 11-тата и 34-минута, а по асистенциите на Наташа Андонова. 
 
Рочи пак беше асистентка на голот на Елма Шемсовиќ постигнат во 37-та минута. 
 
Иако ова е најдобар квалификациски циклус за нашите женска селекција во историјата, односно со двете победи над Казахстан и петте порази беа освоени шест бодови или најмногу во еден квалификациски циклус, со што истиот го  завршивме на 4.место зад Франција, Австрија и Србија, сепак долго ќе се паметат и убедливите порази од Французинките особено оној пред месец дена која нашите фудбалерики загубија со 11-0.