Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за средбите со Грузија и со Австрија
Македонската репрезентација составена од фудбалери до 21 година овој месец ја очекуваат два натпревара, со Грузија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 и со Австрија - пријателски.
Предводени од селекторот Драги Канатларовски македонските млади фудбалери денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча.
Еден од нашите клучни играчи во средниот ред и член на Шкупи, Хамза Рамани, даде свое видување и коментар за претстојните мечеви.
- Никако не смее да си дозволиме да потцениме ниту една репрезентација. Ова се квалификации и нема лесен противник.На сите натпревари треба да пристапиме став и да дадеме се од себе. Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво, изјави Рамани за сајтот на ФФМ.
На 16 ноември во Скопје ќе гостува Грузија во рамките на четвртото коло од евро-квалификациите, пет дена подоцна, Македонците ќе се соочат со Австрија на гостински терен во контролен натпревар.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите
-
Песков: Не ја исклучуваме можноста Трамп и Путин наскоро да разговараат