Македонскиот туристички потенцијал промовиран во Париз
Главните туристички дестинации што ги нуди Македонија по првпат се промовираат на Саемот за туризам „IFTM - Top Resa“ што се одржува во Париз.
На саемот, што почна од 29 септември и ќе трае до утре, македонските туристички места се претставени на модерен штанд на кој се нудат и брошури на француски јазик, а посетителите имаат можност да ги дегустираат и македонските вина и сирења.
Промоцијата ја организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, чиј директор Кристијан Џамбазовски оствари бројни средби со француски тур оператори. Тој се сретна и со претставници на ТУИ Франција, кои се заинтересирани да ја понудат Македонија како нова туристичка дестинација во нивните продажни мрежи.
На францускиот пазар од 2013 година почна промоцијата на Македонија како нова и атрактивна туристичка дестинација. Во последните неколку години Македонија беше посетена од француски новинари кои објавија голем број репортажи во Le Quotidien du tourisme, Travel magazine, L'echo Touristique, Metro News, Voyager pratique, Le Generaliste, La Voix du Nord, Infotravel, Hors Circuit, Radio France International, Pleine Vie, Flair, Le Soir, Telegrama TV Magazine.
Беше организирано и информативно патување за неколку тур оператори од Франција кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација.
Саемот во Франција е основан во 1978 година најпрво во Довил, а од 2008 година се организира во Париз. Секоја година на него учествуваат 29.480 туристички професионалци, 1.200 туристички брендови, 348 штандови, 160 светски дестинации, 1000 претставници на медиумите и новинари и 17 министерства за туризам.
Ново на Сител
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар