Македонскиот полициски синдикат бара решавање на проблемите на полициските службеници
Македонскиот полициски синдикат (МПС) бара отпочнување на социјалниот дијалог со надлежните и решавање на проблемите со кои се соочуваат полициските службеници.
Претседателот на Синдикатот, Ацо Антовски денеска на прес-конференција посочи дека условите за работа се несоодветни скоро во сите организациски единици и оти полициските службеници имаат застарена униформа и користат возилата со кои е загрозена нивната безбедност.
Според Антовски, има и преголем прекувремен работен ангажман на полициските службеници за што тие се несоодветни платени или не можат да земат слободни денови.
Синдикатот бара и распоредување на полицајците приправници со положен приправнички испит, како и доследно спроведување на договорот со владата за усогласување на платите на полициските службеници со платите на царинските службеници, финансиската полиција и УЈП.
- Отпочнувањето на социјалниот дијалог, а со тоа и решавањето на претходно споменатите состојби мора да почне веднаш, со било која влада на РМ, односно со било кој министер на МВР, при што Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен и најголем полициски синдикат во државата ќе биде рамноправен социјален партнер, кој ќе придонесе за успешно надминување на ваквите состојби, рече Антовски.
Од Македонскиот полициски синдикат велат дека доколку не бидат решени нивните барања, ќе ги искористат сите законски и синдикални средства.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати