-->
-->
Македонски рекорд и Б норма за пливачката Богдановски
-->
Македонската пливачка Анастасија Богдановски во квалификациите на 200 метри слободно претпладнево на СП во Казањ исплива нов македонски рекорд и ја потврди Б нормата за Олимписките игри во Рио. Таа постигна време од 2:01.28 минути и го собори досегашниот нејзин македонски рекорд 2:01.92 минути поставен на 1.август 2014 во Сент Мери Сити.
Богдановски го освои второто место во третата од седумте групи во дисциплината 200 метри слободно. Во конкуренција на 63 натпреварувачки Богдановски го освои 35.место, додека најдобро време на 200 метри слободно во квалификациите имаше Американката Кети Ледецки 1:55.82 минута.
Утре во дисциплината 200 мешано ќе настапи Марко Блажевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина