Македонски пошти повторно работат со наплата на сметки
Од денеска во вкупно 35 филијали ширум земјава повторно може да се плаќаат сметки во Македонски пошти. Веќе од следната недела ќе се овозможи платен промет во сите експозитури на Пошта.
Провизијата по трансакција сега чини 35 денари, односно е поскапа за 10 денари.
Поради пропаѓањето на Еуростандард Банка, преку која се вршеше платниот промет, Македонски пошти не работеа со тие услуги пд средината на август минатата година. Тоа беше причина за дополнителни загуби на Македонски пошти. Инаку оваа државна фирма со години го има статусот на загубар, а се одликува и со превработеност во делот на администрација. Според плановите, најпрво Пошти ке ги прошират услугите што ги нудат, со цел да се намалат загубите, за потоа да се пристапи кон целосна приватизација или формирање на јавно приватно партнерство.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта