Македонски кошаркарски тренери на едукација во Турција
– Македонските перспективни кошаркарски тренери Марјан Ѓуров, Владимир Мирковски, Едина Муса и Јасмина Герасимовска од утре до сабота ќе претстојуваат на мини едукативен камп во Турција.
На покана на Турската кошаркарска федерација, четворица македонски тренери, како дел од проектот „Заедно до 16“ ќе имаат можност непосредно да се запознаат со работата на дел од најголемите кошаркарски клубови во Турција.
За време на престојот тие ќе имаат прилика да ја следат работата и да разговараат со челните луѓе и тренерскиот персонал на турските кошаркарски гиганти Фенербахче, Анадолу Ефес и Дарушафака, како и женскиот клуб Емлак Конут.
Во организацијата на овој тренерски мини-камп е предвидено и следење „во живо“ на неколку натпревари. Во прв ред, дуелот од Евролигата Фенербахе Беко-Уникс Казан, во машка, односно Фенербахче-Баскет Ланд во женска конкуренција.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење