Кошарка
13. October 2021 - 8:21

Македонски кошаркарски тренери на едукација во Турција

 Македонските перспективни кошаркарски тренери Марјан Ѓуров, Владимир Мирковски, Едина Муса и Јасмина Герасимовска од утре до сабота ќе претстојуваат на мини едукативен камп во Турција.

На покана на Турската кошаркарска федерација, четворица македонски тренери, како дел од проектот „Заедно до 16“ ќе имаат можност непосредно да се запознаат со работата на дел од најголемите кошаркарски клубови во Турција.

За време на престојот тие ќе имаат прилика да ја следат работата и да разговараат со челните луѓе и тренерскиот персонал на турските кошаркарски гиганти Фенербахче, Анадолу Ефес и Дарушафака, како и женскиот клуб Емлак Конут.

Во организацијата на овој тренерски мини-камп е предвидено и следење „во живо“ на неколку натпревари. Во прв ред, дуелот од Евролигата Фенербахе Беко-Уникс Казан, во машка, односно Фенербахче-Баскет Ланд во женска конкуренција.