-->
-->
Македонски и хрватски војници ќе презентираат строева извежбаност во работа со пушка
-->
Припадници од баталјонот за почести од Армијата на Република Северна Македонија и припадници од почесната чета на Вооружените сили на Република Хрватска денеска ќе имаат заеднички настап пред трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром на кој ќе презентираат изведби на строева извежбаност во работа со пушка.
Присутните ќе имаат прилика да ја проследат познатата точка на македонските гардисти „Егзерцир“, додека хрватските гардисти ќе се претстават со своја воено-акробаска вежба, а кратка изведба ќе има и воениот оркестар на Армијата.
Активноста се спроведува врз основа на билатералната воена соработка за изведување на заедничка обука меѓу двете армии, а ова е прв пат припадници на овие две гардиски единици да имаат заеднички настап.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ