Спорт плус
25. February 2022 - 17:56

Македонската Кикбокс Маитаи федерација на два настана во две различни земји

Македонската Кикбокс Маитаи Федерација ќе настапи на два настана во Бугарија во градот Варна и во БиХ во градот Сараево. 

На 26 фебруари 2022 во Сараево, БИХ, во арената на Хотел Хилс Илиџа, ќе се одржи традиционалниот престижен ВАКО кикбокс натпревар во татами и ринг дисциплините. На овој престижен натпревар учество ќе земат 13 земји претставувани од 726 натпреварувачи.

Репрезентацијата на нашата држава е составена од 32 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови и 13 тренери и официјални лица и тоа: КБК Шампион Скопје со 7 натпреварувачи, КБК Тим Зоран Струмица со 9, КБК Работнички Адора Скопје со 6, КБК Гладијатор Неготино со 3, КБК Максам тим Прилеп со 2, КБК Самурај Битола со 1, КБК Лидер Виница со 2, КБК АС Делчево со 1 КБК Гладијатор фајт Штип со 1.