Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, денеска ја извести јавноста дека е пристигнатото информативно писмо од страна на Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со конечно решение за извршување на 2,2 милиони евра.
Известување од европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ со барање за поврат на 2,2 милиони евра од националната образовна агенција, наводно злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“,пристигнало на крајот од минатата година.
- Во известувањето бевме информирани дека постојат неправилности во проектни досијеа на 22 корисници на грантови од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување се бара 2.276.212 евра кои биле доделувани како грантови од 2016 до 2018 година, рече Ѓоргиевски.
Во меѓувреме имало состаноци со релевантни институции, а прашањето било поставено и на владина седница. Управата за финансика полиција потврдила дека е пристигнат извештај од ОЛАФ и доставен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
- Во март добивме известување за конечноста на одлуката согласно извештајот. Во тек е предистражна постапка на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и ќе ве замолам за разбирање што повеќе нема да можам да споделувам детални информации,речедиректорот пред медиумите.
Ѓоргиевски додаде дека ќе се разговара со владата како во иднина повеќе да нема вакви скандали пред Европската комисија со доделувањето и прераспределбата на грантовите. Агенцијата ќе соработува со обвинителството и со финансиската полиција.
Ново на Сител
-
САД: Израел ги постигна повеќето од своите воени цели во Газа
-
Нов обид на Уставен суд да избере претседател
-
Возот од Велес утрово не тргна за Скопје
-
Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови
-
Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров, на кој на Нова година загинаа 230 луѓе
-
Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта