Loading Video...
Спорт плус
17. September 2019 - 16:44

Македонија со четворица борачи на СП во Казахстан

Македонија ќе биде преставувана со четворица свои борачи на Светското првенство во Казахстан, кое започна вчера, а ќе трае до недела (до 22 септември).
 
Во најлесната категорија (57.кгр.) ќе настапи Владимир Егоров, додека Елмедин Сејфулаху ќе не претставува во категоријата до 61 килограм, а Фати Вејсели ќе се бори во категоријата до 65 килограми. 
 
Секако најмногу се очекува од Могамедгаџи Нуров кој ќе настапи во тешка  категорија до 97 килограми. 
 
Целта на нашите борачи во најмала рака е обезбедување на „виза“ за Олимписките игри во Токио следната година. 
 
За да се постигне посакуваното, тие треба да обезбедат пласман најмалку до шестата позиција во својата категорија. 
 
Иако конкуренцијата ќе биде неверојатно голема се надеваме дека конечно македонското борење ќе се врати на старите патеки, а зошто да не и на овој Мундијал да биде освоен медал.