Бизнис
19. May 2022 - 21:16

Македонија се подготвува за најтешката зима - како да се запре инфлацијата?

Неопходни се детални анализи за идните мерки за справување со инфлацијата. Експертите велат дека Македонија во голема мера е увозно зависна држава, а тоа е еден од клучните фактори што влијаат на инфлацијата. Ако растат цените на суровините од странство, тогаш неизбежно е дека истото ќе се преслика и на македонскиот пазар.

Во овие услови, според Треновски, особено е важно државата да поведе сметка за трошоците, бидејќи пари има сè помалку, а кредитите се сè поскапи.

Професорот Треновски потенцира и дека мора да се утврди дали и колку имале ефект досегашните мерки, како замрзнати цени или ограничени маржи на одредени производи. Вели дека мора да се следат и пазарните сигнали, односно ако има понуда и побарувачка, мерките може да бидат бескорисни. Тоа во извесна мера се покажало и до сега дека и покрај ограничувањата, реално на пазарот одредени производи се нудеа и се купуваа по значајно повисоки цени.