Македонија постапува согласно одлуките на земјите од балканската рута и ЕУ практиките
Република Македонија во однос на менаџирање на мигрантско-бегалската криза постапува согласно одлуките на земјите од балканската рута и ЕУ практиките.
Ова за МИА го изјавија извори од македонското МНР во врска со обвинувањата од страна на Грција дека со затворањето на границата, Скопје го прекршува договорот постигнат во Брисел. Грчкиот министер за миграции Јанис Музалас информира дека Грција почнала да презема дипломатски чекори со цел да ја убеди Македонија да прифаќа авганистански мигранти, затоа што веќе илјадници се заглавени на грчко-македонската граница и во Пиреја.
- Нашата одлука ќе биде соодветна на третманот што ќе се определи нагоре по рутата, истакнува истиот извор од македонското МНР.
Но, Музалас, не запре на овие обвинувања, и вчера рече дека одлуката на Македонија да ја затвори границата за некои бегалци е „паника, ксенофобија и искривено чувство на Европската унија“.
- Многу сме вознемирени, нашата дипломатија веќе презеде чекори. Тоа ни предизвикува тешкотии, изјави Музалас за едно грчко радио и додаде дека сепак очекувале Македонија во некој момент да го затвори граничниот премин.
Тој рече дека Грција има „план Б“, кој започнала да го спроведува, додавајќи дека земјата ќе се соочи со тешкотии со кои ќе може да се справи.
- Овие a ла карт земји-членки на Европската унија имаат огромна одговорност и, се разбира, жал ми е што морам да кажам, Австрија исто така, која до сега заземаше европски став, но сега презема еднострани дејствија, изјави Музалас.
Ново на Сител
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД, изразува надеж за зајакнување на односите
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година