Loading Video...
Фудбал
27. November 2020 - 16:11

Македонија останува на 65-место на ФИФА ранг листата, ждрепката за светското ќе ја чекаме од четвртиот „барабан“

Македонската фудбалска репрезентација останува на 65.место на ФИФА ранг листата. Ждрепката за Мундијалсклите квалификации нашите фудбалери ќе ја очекуваат од четвртиот по квалитет „барабан“. 
 
 
 
Иако оствари историски прва пласман на Европскиот фудбалски шампионат, Македонија останува на 65 место на најновата ранг листа на ФИФА. Победите над Грузија и Естонија, но и поразот од Ерменија, не донесоа напредок на нашата селекција барем што се однесува до рангирањето. 
 
Од нашите противниците на Европското првенство, очекувано најдобро рангирана е Холандија кој во моментов е на 14 место, па Австрија како 23-та, а веднаш зад неа на 24.место е Украина. 
 
На врвот на листата нема промени па и натаму најдобро рангирана е Белгија, пред Франција и Бразил.
 
 
Од ФИФА стигна и потврдата дека Македонија ќе биде во четвртиот „барабан“ при извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. 
 
Едно е сигурно дека наши противници неможе да бидат селекциите на: БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург кои се во истиот „барабан“. 
 
Ждрепката за Мундијалските квалификациите е закажана за 7 декември во 18 часот