Македонија
11. October 2021 - 16:36

Македонија одбележува 80 години од стартот на народно-ослободителната борба

Само слободата и создавањето сопствена држава биле цел за партизаните кои учествувале во Народноослободителната борба, раскажува Наум Бурески, чиј татко на 21 година станал партизан. Бил дел од 6-та Македонска Бригада, која оперирака во Западна Макеоднија, па сè до Скопје и Куманово.

Наум пренесува како татко му Симјан раскажувал за борбата на партизаните против окупаторите, но и против домашните предавници.

Свеченост по повод Денот на народното востание – 11 Октомври се одржа и во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел.

На одбележувањето на 80-годишнината на ослободителната борба, венци свежо свеќе положија многу делегации. Почит за загинатите партизани оддадоа претставници од Сојузот на борците, од кабинетот на претседателот на државата, претставници од Собранието, Владата, политички партии, организации, како и повеќе претставници на дипломатскиот кор.