Бизнис
27. January 2018 - 17:42

Македонија недоволно ги користи странските фондови за развој на туризмот

Преку унапредување на капацитетите и зајакнувањето на туризмот ќе се стимулира бројот на вработувањата и ќе се зголеми локалниот економски развој.

И покрај тоа што Македонија е една од земјите кои со потешкотии ги користеше средствата од странските фондови, сепак добрите познавачи се надеваат дека со помош на стручните служби полесно ќе се добиваат грантовите.

Професорот Мариноски смета дека преку поинтензивно и прецизно определување на една туристичка дестинација која ќе се дефинира и ограничи можеме да имаме систем на дестинации кои успешно ќе се развиваат.

Со проект за локална и регионална конкурентност се опфатени десет клучни дестинации, кои ја покриваат територијата на Македонија а доесга пријавени се 147 подпроекти од областа на туризмот.