Македонија
9. March 2016 - 19:34

Македонија ја затвoри границата за мигрантите

Македонија потполно ја запечати својата граница (WSJ - Wall Street Journal) за мигрантите кои доаѓаат во земјата од Грција, денеска изјавија службени лица. Мерката е воведена откако Словенија, Хрватска и Србија ја зголемија контролата на своите граници, дозволувајќи им влез само на оние со валидни визи во обид всушност да ја затворат Балканска мигрантска рута. Во меѓувреме Европската унија и Турција се уште преговараат за деталите од предложениот договор според кој Турција треба да прифати еден депортиран економски мигрант за секој барател на азил прифатен во Европа - план за кој Агенцијата за човекови права на Обединетите нации вели дека може да го прекрши меѓународното право (Guardian).

Анализа

“Мојата земја Македонија се наоѓа на северната граница на Грција и ја чувствува сета сила на мигрантската криза. Се соочуваме со неброени обиди за нелегален влез (во Македонија), оштетување на државниот и приватен имот, употреба на фалсификувани пасоши и насилни акти против безбедносните сили на граничната линија - сето ова од страна на мигранти кои имаат намера да ја избегнат нивната регистрација и верификација за тоа кој всушност има право да бара азил. Сепак ние не сме дел од Европската унија. Кризата доаѓа од територијата на Грција - земја која е дел од Шенген-зоната. Тоа значи дека Македонија треба да ја брани Европа од Европската унија, пишува претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во колумна за британскиот весник Телеграф.

„Иако не е се уште јасно како ќе функционира новиот договор со Турција - „еден-за-еден“ бегалец од Сирија, тој повторно го отвора прашањето за концептот на поделба на товарот во рамките на ЕУ. Додека теоретски влезот на мигранти во Турција сега може регуларно да се забрани и со тоа да се отвори легална маршута за азиланти кон Европа, она што се уште не е јасно е дали остатокот на ЕУ ќе сака да учествува (во поделбата на товарот). Во последите неколку месеци предлозите за ‚коалиција на земјите спремни' да ги поделат барателите на азил паднаа во вода,“ пишува Нина Шик во колумна за Отворена Европа (Open Europe).

“Иако таа нема тоа нема да го каже јавно, визијата на (Германска канцеларка Ангела Меркел) за отворена, солидарна Европа е на пат да биде најголемиот губитник во овој замрсен, јаден аранжман. Краткорочно таа може да успее да го намали приливот на мигранти во Германија - клучно барање на политичките опоненти, кои бараат таа да биде казнета. Но намалувањето (на приливот на мигранти) исто така ќе стави крај на нејзината политика на отворени врати, заснована на длабокото уверување дека затварањето на граници е спротивно на се она за што Европа се залага,“ пишува Даглас Херберт за Франција 24 (France 24). вр/18:02