-->
-->
Македонија ја совлада и Данска во Европската лига
-->
Втора победа за Македонија на одбојкарскиот турнир од Евролигата во бугарскиот град Варна. По Албанија совладана и Данска и тоа со 3-2 со што Македонија направи голем чекор кон освојување на првите две места во групата кои водат на завршниот фајнал фор.
Нашите одбојкари добро започнаа против Данска против која загубија минатата година во истото натпреварување но го загубија првиот сет со 25-27 иако во еден момент имаа 4 поени разлика. Потоа го освоивме првиот сет со 25-21 но го загубивме третиот. Во следните два успех на избраниците на селекторот Жарко Ристовски за нова победа од 3-2 (25-27, 25-21, 18-25, 25-20, 20-18).
Утре Македонија игра со домаќинот Бугарија во директниот дуел за првото место во групата по првиот квалификациски турнир. Следниот е следниот викенд во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна