-->
-->
Македонија ја пречекува силната Шпанија
-->
Третиот ден од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година, носи нови девет натпревари во европската зона.
Секако, за нашата јавност најинтересен ќе биде дуелот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, каде од 20:45 часот репрезентацијата на Македонија ќе биде домаќин на силната Шпанија.
Ова ќе биде седму меѓусебен дуел на овие две селекции, во кој македонските фудбалери ќе се обидат за прв пат да извлечат позитивен резултат, откако изминатите шест Шпанците ги решија во своја полза. Последниот беше во актуелните квалификации кога октомври минатата година во Гранада загубивме со 4-0.
Средбата Македонија – Шпанија се игра во рамките од Г групата во која вечерва се среќаваат и Италија – Лихтенштајн и
Израел – Албанија (сите од 20:45 часот)
Табела: Шпанија 13 бодови, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3 и Лихтенштајн 0.
Во останатите денешни натпревари од Мундијалските квалификации ќе играат:
Група Д: Молдавија – Грузија, Р. Ирска – Австрија (од 18 часот) и
Србија - Велс (од 20:45 часот).
Табела: Србија 11 бодови, Р. Ирска 11, Велс 7, Австрија 7, Грузија 2 и Молдавија 1.
Група И: Финска – Украина (од 18 часот), Косово – Турција и Исланд – Хрватска (од 20:45 часот)
Табела: Хрватска 13 бодови, Исланд 10, Украина 8, Турција 8, Финска 1 и Косово 1. Ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан